Македонија
24. January 2019 - 10:50

Француската пратеничка Лилиана Танги во посета на македонското Собрание

Француската пратеничка Лилиана Танги и потпретседателка на Групата за пријателство Франција-Македонија денеска во Собранието на Република Македонија ќе има средби со членовите на Комисијата за европски прашања.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Танги ќе има средба и со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Француската Република.