Македонија
13. September 2021 - 8:40

Француска парламентарна делегација и јапонскиот амбасадор Хиронори во посета на Собранието

Делегација на Групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан на францускиот Сенат денеска престојува во посета на Собранието, каде ќе се сретне со собранискиот претседател Талат Џафери.

Покрај со Џафери, делегацијата ќе има средби со Александар Николоски, претседател на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Франција и членовите, како и со Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања и Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика.

Во посета на Собранието денеска ќе престојува и јапонскиот амбасадор во земјава Савада Хиронори, кој ќе се сретне со пратеникот Диме Велковски.