Свет
3. November 2016 - 8:42

Франција затвора уште четири џамии поради проповедање радикален ислам

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев вчера наредил да бидат затворени четири џамии, за кои се претпоставува дека проповедаат „радикална идеологија“.

- Прикривајќи се зад религијата, на тие места се одржуваат средби, чија цел е да и се даде поддршка на радикална идеологија, се наведува во соопштението на француското МВР.

Засега не се открива за кои точно џамии станува збор, единствено се нагласува дека се наоѓаат во источниот, западниот и северниот дел на Париз.