Свет
9. October 2015 - 10:15

Франција втор пат извршува напади врз ИД во Сирија

Франција го извршила синоќа вториот воздушен напад врз групацијата Исламска држава во Сирија, изјави францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан. 

- Два авиони „Рафал“ бомбардираа камп за обука, целите се поразени, изјави министерот.

Ле Дриан додаде дека следуваат уште воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија.