Фудбал
2. September 2016 - 10:31

Франција убедлива против Италијаните

Италија, на стадионот во Бари, загуби од Франција со 3-1. Блескаше на овој меч најскапиот светски фудбалер Пол Погба кој забележа две асистенции. Марсијал го постигна првиот гол на мечот, потоа Грацијано Пеле израмни, а во второто полувреме за победа на Франција погодија Жиру и Курзава.
 
Европскиот првак Португалија имаше полесен тренинг против Гибралтар. Портигалците победија со 5-0, два гола постигна Нани, а по еден Бернандо Силва, Консело и Пепе.
 
Грција, во дуел на селекциите кои не играа на ЕУРО 2016, ја совлада Холандија со 2-1. Митроглу и Јониотис погодија за Грција, а Вајналдум за Холандија.
 
Квалификациите за СП во 2018 ќе започнат в недела кога ќе играат селекциите на Данска, Германија, Англија, Романија, Црна Гора, Словачка...Македонија, в понеделник во Скадар ќе и гостува на Албанија.