Loading Video...
Спорт плус
5. August 2021 - 19:15

Франција со три селекции во финалињата

Американските фудбалерки ја освоија олимписката бронза
 
Американската женска фудбалска селекција предводена од македонскиот стратег Владко Андоновски го освои бронзениот медал.
 
Американките во дуелот за 3.место ја победија Австралија со 4-3 и се закитија со бронзата, што е сепак за нив мала утеха имајќи в предвид дека тие атакуваа на златото. 
 
А, за најсјајното одличје утре наутро во 4 часот ќе играат Канада и Шведска селекција која на игрите во Рио пред 5 години го освои сребрениот медал
 
 
Ватерполистките на САД и Шпанија по  олимпиското злато
 
Ватерполистките на САД против Шпанија ќе имаат можност да го бранат олимпиското злато освоено на претходната олимпијада во Рио. 
 
Американките во полуфиналето славеа победа со 15-11 во дуелот со Русинките. 
 
Нивни противнички во финалето ќе видат ватерполистките на Шпанија кои во втриот полуфинален меч ја победија Унгарија  со 8-6.
 
 
Блокадата на Батум ја носи Франција на мегдан на САД во кошаркарското финале
 
Франција ќе има три свои селекции во машките колективни финалиља. 
 
Ветеранот Никола Батум со блокада во последната секунда ја спаси Франција од пораз од Словенија и ги одведе триколорите во кошаркарското финале. 
 
„Триколорите“ ил му го нанесоа единствениот пораз на еврпскиите шампиони Словенците во полуфиналето со 90-89 и се пласираа во финалето во кое за противници ќче ги имаат актуелните олимписки шампиони Американците кои лесно ја минаа Австралија. 
 
Финалниот меч меѓу САД и Франција кој ќе се игра во сабота ќе биде втор меѓу овие две селекции на игрите во Токио. Првиот во групната фаза го добија Французите со 83-76.
 
 
Франција против Данска во финалето на ракометниот олимписки турнир
 
Шампионите од последните три олимпијади Франција и Данска ќе играат за златниот медал во ракометното финале. 
 
Французите кои пред среброто во Рио, на две олимпијади во низа беа златни, за своето четврто последнователно олимписко финале се изборија со победата над Египет со 27-23.
 
Во него за противници ќе го имаат актуелниот олимписки и светски првак првак Данска селекција која во полуфиналето беше подобра од европскиот шампион Шпанија (европски првак). 
 
Саботниот финален меч практично ќе биде и реприза на дфиналето од Рио пред пет години во кое Данците славеа победа со 27:23.
 
 
 
Русија - Франција во машкото одбојкарско финале 
 
Французите ќе играат и во машкото одбојкарско финале во кое за противник ќе ги имаат Русије
 
Во првиот полуфинален дуел Русија со 3:1 го победи бранителот на олимпиското злато од Рео, селекцијата на Бразил
 
Во него Русија за противник ќе ја има селекција на Франција која во вториот полофинален беше ја надигра Аргентина со 3:0