Франција и Русија во борба за првото злато од Европските првенства
На Европскиот шампионат е слободен ден, пред утрешната завршница по која ќе бидат познати носителите на медали.
За најсјајното одличје ќе се борат домаќинот и актуелен светски првак Франција и олимпискиот шампион Русија.
Русинките во полуфиналето ја декласираа Романија со 28-22, додека „Триколорките“ место во финалето обезбедија со одличната игра во второто полувреме од полуфиналниот меч против Холандија која ја совладаа со 27-21.
Така во утрешото финале кое ќе се игра во терминот од 17 часот и 30 минути во Париз, двете селекции ќе атакуваат на првата европска круна.
Французинките претходно во три наврати ја освојуваа бронзата, додека Русинките покрај двете бронзи имаат и сребро од шампионатот во Шведска во 2006 година.
Претходно (14 часот) во дуелот за бронзениот медал ќе играат Холандија и Романија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар