Ракомет
13. January 2017 - 22:35

Франција 2017: Хрватска почна со победа на шампионатот

На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција денеска се одиграа натпреварите од групите Ц и Д од првото коло.

Во групата Ц во Руен: Белорусија – Чиле 28:32, Германија - Унгарија 27:23 и Хрватска - Саудиска Арабија 28:23.

Во групата Д што се игра во Париз: Катар – Египет 20:22, Шведска - Бахреин 33:16 и Данска – Аргентина 33:22.

Се одигра и еден дуел од 2.коло од групата А. Во Нант домаќинот Франција ја победи Јапонија 31:19 и ја постигна втората победа на шампионатот.

Утре се играат седум натпревари од 2.коло.

Македонија во Мец од 20:45 часот игра против Ангола.