Живот
31. August 2016 - 9:53

Фотографија која го запали интернетот: Што гледате на неа?!

Се сеќавате на фустанот кој со својата неодредена боја го „запали“ интернетот?

Овој пат, интернет заеднцата има нова фотографија погодна за слична расправа.

На социјалната мрежа Imgur е објавена фотографија на која се гледа нешто што личи на глава на женско лице, но неприродно споена со нозете кои се во базенот.

Секако, веднаш е покрената дебата за тоа што всушност се гледа на фотографијата, но никој нема точно објаснување.

Најблиско објаснување дал еден од корисниците, кој напишал дека се работи за „рефлексија“.

Рефлексијата или прекршувањето на светлината е кратење на светлосниот зрак или зрак на друго електромагнетно зрачење при премин од една во друга средина поради разлика во брзината на ширењето на брановите во различни средини.

Погледнете ја фотографијата: