Македонија
23. March 2017 - 8:16

ФОТО: Се запали автобус на патарината Скопје-Тетово

Патнички автобус кој се враќал од сервис синоќа се запалил во близина на патарината Скопје - Тетово. Нема жртви и повредени, но причинета е позначителна материјална штета.

Возачот на автобусот безбедно излегол од автобусот. 

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томески за МИА изјави дека е интервенирано со две возила на противпожарната единица од Ѓорче Петров и оти пожарот е изгаснат. 

Според првичните проценки, автобусот се запалил поради технички проблем. 

ФОТО: Ѕид на собраќајниот срам