Фудбал
25. February 2016 - 13:02

ФОТО: Конечно дрес од Меси за малиот Муртаза

По неколкумесечна потрага конечно со посредство на УНИЦЕФ, дрес со потпис на најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси пристигна во Авганистан на радост на малиот Ахмади Муртаза кој предизвика интерес во светската јавност откако се појави со најлонски дрес на Аргентинецот. 

Имаше и забуна откако неколку други деца се пријавија дека тие го носеле дресот па дури и една курдска телевизија сними прилог за момче од Ирак. 
Конечно пронајден е вистинскиот фан на Меси кој во пакетот добил и топка.