Свет
31. October 2015 - 21:40

Фото галерија од урнатиот руски авион

Египетските медиуми објавија на социјалните мрежи и први фотки од рускиот патнички авион кој денес се урна на полуостровот Синај. Фотографиите потврдуваат дека авионот целосно е уништен, а во тек е потрага по телата. Египетската војска префрли неколку тела на жртвите до базата во источен Каиро. Првите 35 тела веќе се однесени во мртовечница. Досега, околу 145 тела се најдени на местото на несреќата.