Форум: Законски измени и нови регулативи за развој на туризмот
Растечкиот тренд во македонскиот туризам и неговиот потенцијал бараат соодветни стандарди, од квалитет на услугите, преку лиценци и категоризација на објектите, до регулирање на областа заради спречување на нелојалната конкуренција и севкупно подобрување на фактичката состојба. Ова беа темите на денешниот форум „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“ во Охрид што го организираа четирите стопански комори.
-Не секогаш легислативата е проблем, туку начинот на кој се имплементира. Многу често заради начинот на кој се донесуваат, законите и прописите секогаш не соодветствуваат на реалната состојба, истакна Љубомир Димовски, раководител на проектот што се реализира со поддршка на УСАИД.
Туризмот денес нуди повеќе перспективи на локално, регионално и глобално ниво од кои се проценува дека има потенцијал да биде не само профитабилна, туку и водечка економска гранка во Македонија.
Даниела Михајловска – Василевска, координатор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори, појасни дека во рамки на проектот се реализираат активности на теми за кои бизнис-асоцијациите процениле дека постои потреба од законски измени и воведување одредени нови решенија.
-Сметаме дека постои простор за нови решенија за подобрување на туристичките услуги, не само преку корекција на легислативата, туку и со иновативни или нови содржини во понудата, рече Михајловска – Василевска.
Деканот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид Цветко Андреески посочи дека сите документи, искуства, научни сознанија со кои располага високообразовната институција се достапни на коморите и надлежните институции во функција на уредувањето на проблематиката за натамошен развој на туризмот како стопанска гранка.
– Добар дел од мерките за развој на туризмот што ги спроведува државата се базираат токму врз препораки изготвени од страна на нашата установа. Моментно работиме на истражувачки проект за мерење на резултатите од преземените мерки за развој на туризмот. Тоа ќе покаже кои мерки дале резултати, а кои потфрлиле, рече Андреески.
Следниот форум во рамки на проектот за стратешки развој на туризмот и државната политика за негова поддршка ќе се одржи во вторник во Скопје.
Ново на Сител
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување