Македонија
29. November 2017 - 9:23

Форум за имплементација на Европската конвенција за предел

Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи форум на тема „Предизвици во имплементацијата на Европската конвенција за предел - Културното наследство пределот“.

На форумот, како што е најавено, ќе присуствува заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Настанот е во организација на Националниот комитет на ИКОМОС во Македонија со поддршка на Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје.