Македонија
30. October 2019 - 20:27

Форум „Младите – клуч за иднината на бизнис секторот“

Промена на образовниот систем, поголема практична работа, промоција на преквалификација и до квалификација, ова се само дел од начините кои ќе овозможат подобро и поголемо вмрежување на младите со бизнис секторот.  Стопанствениците од Струмица велат во моментов бројот на слободни работни места е поголем во однос на понудата од работна сила. Според нив платите повеќе не се причина туку инертноста на младите, желбата за брза заработувачка и немањето воља за преквалификација.

,, Имаме проблем се уште со стручноста на нашиот кадар. Нашите млади луѓе не знаат да се преквалификуваат и не работат на преквалификации, или не работат на соодветно неформално образование туку само одат преку формалниот систем на образование., вели Тони Костов - стопанственик

Дел од младите сметаат дека во последно време многу полесно се доаѓа до работа, но квалификациите што ги бараат компаниите тешко се исполнуваат.

,, Од година во година се полесно се доаѓа до работа,  но квалификациите се оние што ја отежнуваат работата.,, вели Влатко Цветковски

За надминување на овие проблеми работат од центарот на заедницата во Струмица. Тие преку проект кој овозможува обуки и дополнителна едукација работат на  доближување на младите и бизнис секторот и полесно меѓусебно вмрежување.

,, Во рамките на проектот е предвидено отворање на инфо точка која ќе има за цел да ги анимира младите преку формирање на база на податоци полесно да доаѓаат до пристап на вакви типови на обуки како и до вработување.,, вели Миле Георгиев – проектен координатор

Проектот Младите клуч за иднината на бизнис секторот се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан-ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.