Форбс: Сопственикот на Амазон прв милијардер со богаство над 100 милијарди долари
Извршниот директор на Амазон Џеф Безос ја предводи годишната ранг-листа на милијардери, која ја изготвува списанието „Форбс“.
Со личен имот од 112 милијарди долари, Безос стана првата личност во светот со богатство поголемо од 100 милијарди долари. Тој ја подобри својата имотна состојба за 39 милијарди долари во споредба со претходните години.
Џеф Безос е исто така сопственик на весникот „Вашингтон пост" и авионската компанија Блу ориџин..
Втор на листата е основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 90 милијарди долари, а трет е инвеститорот Ворен Бафет со 84 милијарди долари.
Најбогатиот Европеец е четвртопласираниот Французин Бернар Арно, кој ги поседува брендовите „Луј Витон“ и „Сефора“.
Американците се најмногу застапени на листата од 2.208 милијардери од 72 земји. Меѓу првите десет се и сопственикот на Фејсбук Марк Цукерберг и браќата индустријалци Чарлс и Дејвид Кох.
Американскиот претседател Доналд Трамп падна од 544. на 766. место, откако неговото богатство се намали за 400 милиони долари и сега изнесува 7,1 милијарда долари.
Споредено со минатата година, 121 лице испаднаа од листата, но на неа, по првпат се најдоа 259 милијардери.
Вкупното богатство на сите милијардери на листата е 9,1 трилиони долари, во просек по 4,1 милијарда долари по човек, што, според „Форбс“, е нов рекорд.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово