Македонија
20. September 2018 - 17:15

Фон Дер Лајен: Имате уникатна шанса на референдумот - искористете ја!

Убедена сум дека референдумот ќе успее и дека сте на вистинскиот пат, порача германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен, при својата официјална посета на Република Македонија.

Во првата посета на еден германски министер од овој ресор по 11 години, фон дер Лајен потенцира дека со посетите во изминатите денови на канцеларката Меркел, на шефот на германската дипломатија, а и со нејзината денешна посета, Германија испраќа силен сигнал за пријателство и порака дека референдумот претставува голема шанса, која граѓаните треба да ја искористат.

Од Германија добиваме сериозна поддршка во време кога најмногу ни треба, истакна министерката Шекеринска Вицепремиерката верува дека референдумот ќе успее и затоа земјава веќе се подготвува за пристапните разговори со НАТО.

Шекеринска и Фон дер Лајен се согласија дека билатералните одбранбени односи се на највисоко ниво, и во однос на обуката и доквалификацијата на припадниците на АРМ во Германија, но и во рамките на меѓународните мисии на Алијансата, каде што македонските војници стојат рамо до рамо со нивните германски колеги.