Македонија
15. February 2017 - 16:20

Фокс њуз дебата: Како Сорос влијае на политиката во Македонија

Најгледаната телевизија во САД Фокс њуз, ја отвори дилемата: зошто милионерот Џорџ Сорос ја користи својата моќ да влијае во внатрешните работи на Македонија?

Влијателниот американски медиум анализира како парите на првиот човек на Фондацијата отворено општество ја кројат политиката на Балканот, а особено внимание привлекува неговата моќ во земјава, откако тоа почнаа да го истражуваат конгресмени и сенатори.

За Бред Блејкмен, поранешен советник на претседателот Џорџ Буш е нејасно како може контроверзна личност како Сорос да ја имплементира странската помош на САД, но тој го објаснува начинот на кој Сорос го создава влијанието врз внатрешната политика на трети земји.

„Тоа е големо прашање, кое Конгресот мора да го провери. Овој човек е пајак со огромна пајажина. Тој контролира бројни надворешни групи кои ги користи за спроведување на мрачни активности. Тоа го видовме на многу места, како и на протестите веднаш по инаугурацијата. Така работи овој човек, но најголемиот проблем сега е што тој својата моќ ја извезува и ја користи надвор од САД. Тој се меша во надворешната политика на други земји и преку своите групи кои ги финансира. Ова е нешто што сметам дека ниеден Американец не треба да го прави и да ја корумпира нашата надворешна политика, вели Блејкмен.

Дебатата следи откако шестмина конгресмени и сенатори од Америка изразија сомнеж за корумпирањето на надворешната политика на САД, со помош на милијардерот Џорџ Сорос.

Преку писмо до амбасадата во Скопје, тие побараа одговор од Бејли и неговите соработници за мешањето на мисијата на САД во внатрешната политика на земјава, формирањето на медиумската средина и граѓанското општество, фаворизирајќи групи од едно политичко убедување, но и улогата на фондацијата отворено општество. Конгресмените најавија целосна истрага за работењето на американската амбасада во Македонија, кои посочија дека доколку се докаже нивното мешање во внатрешната политика, ќе побараат и разрешување на амбасадорот Бејли.