Македонија
21. September 2018 - 16:19

Флекенштај и Кукан тврдат дека Брисел нема друг план освен реализацијата на договорот од Преспа

Европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн по неколкудневни средби со власта и опозицијата со отворен повик граѓаните да гласат на 30 септември и уште повеќе да изјаснат „за“ на референдумското прашање бидејки, како што рекоа, спорот со Грција е препрека за почеток на преговорите со Унијата бидејки таму одлуките се носат консензуално.

Знаете дека сите земји-членки треба да се согласат за да се донесе одлука. Имавте спор со Грција, сега постои можност тој да биде конечно решен и ќе бидеме многу задоволни ако тоа се случи. Ќе биде послесно за сите, да се забрзаат работите и затоа барам да кажете „да“, не можам да ви кажам како да гласате, но можам да ве замолам да го сторите тоа, рече Флекенштај.

Европратениците претстојниот референдум го оценија како историски момент  во кој не се одлучува дали оваа влада е добра или не, туку се одлучува за иднината на децата и внуците. Сепак, и двајцата нагласуваат дека покрај решавање на спорот со Грција ќе биде потребно да се завршат и реформите.

Сакаме да го забрзаме процесот и тоа значи оваа Влада треба да испорача реформи, од друга страна потребно е и ние да ја сработиме нашата домашна работа, да ја реформираме ЕУ. И нашите гласачи се плашат дека Унијата нема да може да функционира со уште членки, доколку не се реформира. И ние треба да се подготвите за заедничката иднина, изјави Флекеншта

Кукан и Флекенштајн ја најавија и втората сесија на Жан Моне дијалогот за во декември или јануари. Тие се задоволни бидејки учество на состанокот прифатила и опозицијата. На втората тунда Жан Моне ќе се расправа за финалната верзија на собранискиот Деловник.