Фудбал
29. August 2015 - 9:43

ФК Сан Лоренцо ја одби понудата од Доналд Трамп

Аргентинскиот фудбалски прволигаш Сан Лоренцо ја одбил продажбата на клубот која на стадионот „Педро Бидегаин“ наводно ја испратил американскиот милијардер и претендент за републиканската кандидатура за американските претседателски избори во 2016-та, Доналд Трамп.
 
„Сан Лоренцо не е на продажба. Клубот им припаѓа на членовите, нема шанси некој да го купи“, порача потпретседателот на клубот Марсело Тинели.
 
Веста за купувањето на клубот од аргентинската престолнина Буенос Аирес, чиј голем навивач е папата Франциск, ја лансираше весникот The New York Post објавувајќи дека Трамп испратил голема финансиска понуда.
 
Американските медиуми нагаѓаат дека Трамп со овој потег сакал да ги придобие гласовите на католиците во трката за кандидатурата за претседател на САД. Портпаролката на кампањата на милијардерот не сакала да ги коментира пишувањата на американските медиуми, ниту реакцијата на челниците на Сан Лоренцо.
 
Клубот со целосно име Атлетико Сан Лоренцо де Алмагро го основал свештеник по име Лоренцо. Клубот е член на првата аргентинска фудбалска лига, а неговиот стадион се наоѓа во Бајо Флорес, една од најсиромашните населби на Буенос Аирес.
 
Сепак, клубот 15 пати бил аргентински шампион, последен пат во 2013 година, а во август минатата година првпат во историјата го освоија и Либертадорес купот, јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампионите, по што тимот и раководството беа на аудиенција кај папата во Ватикан.