Спорт плус
12. February 2019 - 19:42

Фјури ќе заработи 20 милиони од мечот со Вајлдлер

Нова сензација за љубителите на боксот секако е пресметката помеѓу еден од најбараните боксери на денешницата  Тајсон Фјури и Донтеј Вајлдлер кој е на програмата  во Њујорк, на 18 мај годинава, а Фјури од овој меч ќе инкасира неверојатни 20 милиони фунти.

Првиот дуел меѓу двајцата боксери заврши со контроверзно реми, а Флојд Мејведер беше згрозен од резултатот.
Фјури по нерешениот меч инсистираше хонорарот од 7 милиони фунти да го подари во добротворни цели.

„Јас го правам тоа да удирам луѓе, не сакам надокнада за тоа и не сакам за тоа да се зборува за мене како добротвор“ – рече Фјури во декември.

Тој рече дека Вајлдлер и неговиот тим го потцениле.

„Тие мислат дека јас доаѓам само за да соберам некоја фунта“ – вели тој.

Победникот од нивниот римеч, според непотврдените информации, ќе има можност да се бори за ВБА, ИБФ и ВБО шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа.

Џошуа во својот претходен меч го совлада Русинот Александар Поветкин со нокаут во седмата рунда.