Македонија
16. May 2018 - 16:13

Фити: Македонскиот јазик е дел од идентитетот и мора да биде признат како што е евидентиран во ООН

Македонскиот јазик е клучен елемнт на идентитетот и мора да биде евидентиран онака како што е евидентиран во ОН, односно како мацедониан. Ова е ставот на МАНУ во врска со преговорите за името.

Во очекување на средбата Ципрас-Заев во Софија, американскиот амбсадор во земјава порача дека  САД очекуваат напредок во правец на   интеграција на земјата во Алијансата.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за ТА НЕА  вели дека е убеден дека може да се најде решение, но најважно е да се има квалитетен договор.

Дали тоа ќе се случи уште во Софија не е одлучувачката точка, тоа што е важно е квалитетот на договорот. Доколку е изводливо во Софија, ќе биде уште подобро. Но, најважна е одлучноста на двајцата лидери да стигнат до компромис прифатлив за двете земји, вели Хан за Та Неа.