Свет
14. January 2016 - 9:29

Финската полиција врши истрага за сексуални напади за време на новогодишната ноќ

Финската полиција соопшти дека води истрага за седум случаи на сексуални напади и вознемирување жени во новогодишната ноќ во Хелсинки, извршени наводно од мажи со странско потекло.

Сите инциденти се случиле на централниот плоштад во Хелсинки и околу него, а пријавите се од жртви и сведоци.

Засега нема уапсени, наведува полицијата.

Случаи на сексуално насилство беа регистрирани во Келн за време на новогодишната ноќ и според очевидци воглавно ги извршиле странци со северноафриканско и од арапско потекло.