Финска ги избра татковците на годината
Финското Министерство за социјална политика ги избра тројцата најдобри татковци за 2019 година. Двајца од нив се самохрани татковци.
Наградата е востановена 2006 година, а вниманието е насочено, пред сè, кон татковците кои успеваат во воспоставувањето рамнотежа меѓу работата и родителските обврски, како и мажите кои одгледуваат деца во тешки услови.
Хермај Хутијала е самохран татко од 2014 година, кога неговата сопруга починала и тој останал сам со четири деца. Петри Јакола, пак, кој растел со родители алкохоличари, исто така, е самохран, но примерен татко, на пет деца, како што соопштија организаторите на свеченоста.
Наградата со нив ја подели и Јука Лагерблом – вистински пример на „обичен татко“ за сите други татковци кои ги користат услугите на здружението Мијесакит, кое се занимава со помош и секојдневни совети за татковците.

Финска е единствената земја во светот во којашто, статистички, татковците на деца на училишна возраст, минуваат повеќе време со нив од мајките, се наведува во извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Ново на Сител
-
Кина го поздрави прелиминарниот трговски договор со САД
-
Вински фестивал се одржа во Кавадарци
-
Едукативна сесија за дијабетот и влијанието врз очите за тетовските пензионери
-
Вработените во Министерството за здравство се приклучија на еколошката акција
-
Се поголем број ученици во Словенија сакаат да го научат македонскиот јазик
-
ТЛЗП: Даниел Кајмакоски победник во полуфиналето - сите ги разнежни со емотивниот настап
-
Еколошка акција во општина Кисела Вода
-
Климатската конференција во Мадрид пролонгирана и за денеска, но без назнаки за договор