Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода денеска додели ваучери во вредност од 12.000 денари за новороденчињата, на организиран настан посветен на најмладите жители и нивните семејства. Мерката претставува финансиска поддршка за родителите во првите месеци по раѓањето на детето.
Како што информираат од прес-службата на Општина Кисела Вода, покрај ваучерите, секое семејство добило и пакет со основни производи од „Мако маркет“, наменет за мајката и бебето, со неопходни производи за првите денови по доаѓањето на новиот член во семејството.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска порачала дека грижата за децата и семејствата започнува уште од првиот ден. Додала дека финансиски средства се исплатени и за останатите новороденчиња од претходните месеци, за кои исплатата беше оневозможена поради изборниот процес.
-Вашето родителство е почеток на една голема животна одговорност, а нашата обврска како локална самоуправа е уште од самиот почеток да бидеме ваша поддршка. Со оваа мерка испраќаме јасна порака дека Општина Кисела Вода се грижи за своите жители уште од првиот ден, но и дека таа грижа продолжува и понатаму. Обезбедувањето доволен број градинки, подобрени и современи услови во училиштата, како и безбедни и уредени простори за детска игра, остануваат наши клучни приоритети. На сите вас, искрено ви честитам. Ви посакувам вашите деца да растат здрави, безгрижни и среќни, а Општина Кисела Вода да расте и да се развива заедно со нив, потенцираше градоначалничката.
Воедно, Стаменкоска Трајкоска ги информирала и сите родители со новороденчиња кои аплицирале во изминатите месеци, а за кои, поради изборниот процес не била можна исплатата, дека средствата ќе ги имаат на нивните сметки во текот на утрешниот ден. Ги повикала сите нови родители слободно да аплицираат за оваа мерка.
Право на апликација имаат семејствата чии новороденчиња не се постари од 90 дена, а целосната потребна документација која е сосема едноставна, е достапна на веб-страницата на Општина Кисела Вода.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
-

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената
-

Стигнаа предлозите од Мицкоски - Муртезани ќе се разреши, Сали - вицерпемиер, Хоџа министер за животна средина
-

Берлински процес и реформска агенда: Парламентот клучен, имплементацијата на реформи слаба
-

Пензионери на протест пред Уставниот суд
