Балкан
18. December 2015 - 9:24

Филмска потера: Киднапирале малолетник и го терале на орален секс

Во филмска потера во Крагуевац се уапсени две лица под сомнение дека киднапирале малолетник и го принудувале на орален секс.

Вчера во Крагуевас се уапсени двајца мажи, а полициската акција е спроведена како во холивудските филмови. Во населбата Белошевац, полицијата ги бркала некое време, додека не слетале од патот и застанале.

Тие се товарат дека го грабнале малолетниот Ѓ.М. (17), го ставиле во багажник и го однеле во блискиот парк. Таму го тепале, понижувале и го принудувале на орален секс. После тоа го донеле го куќата, го исфрлиле од багажникот и побегнале.

осомничените се криеле во Црна Гора, а полицијата трага по нив уште од 10 јуни годинава.