Свет
14. December 2015 - 9:00

Филипини:Поради тајфун евакуирани над 700 илјади луѓе

Повеќе од 700 илјади луѓе се евакуирани на Филипини во очекување на тајфунот Мелор.

Тајфунот прво го погоди северниот дел од островот Самар на кој живеат 1,5 милиони луѓе со ветар од 185 км/час, соопшти филипинскиот Метеоролошки центар. Засега нема извештаи за жртви или штета.

Филипинските власти предупредуваат дека Мелор би можел да предизвика бранови до четири метри, а поројните дождови да предизвикаат поплави и одрони на земјиште. Се очекува Мелор да го погоди централниот дел од Филипини утре пред да се придвижи кон Јужното Кинеско Море.