Македонија
20. February 2021 - 14:26

Филипче: Во врска со изградбата на новиот Кличнички центар се надевам дека пратениците од опозицијата ќе покажат храброст и волја да ги повлечат амандманите

Од самиот почеток постапката е отворена транспарентна, имавме појаснување во Собранието на јавна дебата со присутни екпсерти и пратеници. Појаснивме и зошто го прекинавме оној претходен проект за изградба на Клинички центар во рамки на постоечкот, бидејќи не беше нов Клинички цетар, туку само нова зграда за Интерни одделенија, истакна минстерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на новата модуларна болница во Велес.

– Немаше никаква логика да се гради таму, а требаше да чини околу 120 милиони евра. Ние ги изреновиравме сите Интерни одделенија за некоја мала сума која не може да се спореди со оваа, појасни Филипче.

Додаде дека во делот на транспарентноста и отвореноста очекува дека ќе најдат заеднички јазик и дека опозицијата ќе им се приклучи на овој проект.

– Да им покажеме на граѓаните дека тоа што е итно за нив имаме капацитет да го направиме заеднички и дека ќе ги надминеме овие разлики и нема да го направат ова со блокадата на Собранието, потенцира Филипче.

Појасни дека е јасно зошто е избрана локацијата во Ѓорче Петров, затоа што е на државно земјиште, за разлика од претходната во Злокуќани на која требаше да се врши еспропријација на земјиштето и тоа ќе чинеше и време и пари.

– Најреномираните две европски компании аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на дијалог. Тоа се француската „Вуиг“ и германската компанија преку австриското претставништво „Ману“. Едната компанија со одлична експериза во делот на физичката градба и другата компанија со експертиза во делумно опремување и ставање во функција, појасни Филипче.

Додаде дека целта на законот е да се дозволи за двете компании,а дека тие се спремни.Според него. ниту се конкурентни туку едноставно во делот на сопствената експертиза да го направат најдобро за граѓаните да имаат една современа болница.

– Искрено се надевам дека пратениците од опозицијата ќе соберат храброст да покажат волја да ги повлечат амандманите, без кои законот не може да помине, рече Филипче.