Македонија
11. May 2021 - 18:51

Филипче: Во петок пристигнуваат уште 38.400 вакцини АстраЗенека

Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Добрата вест, како што вели Филипче, е тоа што на 14 месецов во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини обезбедедни преку КОВАКС механизмот, односно Македонија ќе добие уште 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека.

Министерот Филипче апелира сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.