Македонија
2. December 2025 - 19:44

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва на седница на Извршниот одбор ќе побара сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат, а новото раководство ќе биде избрано во следните две недели. 

Филипче вечерва изјави дека ќе се бараат најдобрите луѓе кои имаат капацитет да ја спроведат партиската програма. 

- Вечерва имаме закажано состанок на Извршниот одбор на кој ќе побарам сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат и на еден од следните состаноци на Централниот одбор, којшто ќе се одржи во следните две недели, ќе се избере новото раководство на партијата и новиот состав на Извршниот одбор. Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе кои имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните ја заслужуваат, рече Филипче.

 

МИА