Македонија
10. July 2021 - 14:03

Филипче: Успешно вградивме стимулатор на нервот вагус, ова е голем чекор напред за македонското здравството

Уште еден голем чекор напред за македонското здравство, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил по изведената операција за вградување на стимулатор на нервот вагус која во нашата земја се изведува за прв пат.

-Денеска, заедно со д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, неврохирургот д-р Владимир Рендевски, невролозите од Клиника за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, за прв пат изведовме операција во нашата земја за вградување на стимулатор на нервот вагус кај 36 годишна пациентка. 

Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот со што се намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден. Во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија. Министерството за здравство заедно со ФЗО на РМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува, напиша Филипче.