Филипче со пензионерите од Велес: Нема повеќе домашни аптеки, лековите се достапни во текот на целиот месец
Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со Здружението на пензионери во Велес на која разговараа за мерките и активностите што Министерството ги спроведува со цел унапредување на здравствениот систем во земјава.
– Со укинувањето на квотите на рецепт, пациентите имаат достапни лекови во секое време – на почетокот, на средината и кон крајот на месецот. Со пензионерите имаме континуирани средби, затоа што сакаме да го слушнеме нивниот став и размислување, да ни посочат во кои сегменти треба да се подобриме. Се видовме со пензионерите од Гевгелија, Битола, Скопје и Куманово. Тие се задоволни бидејќи повеќе не прават домашни аптеки и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек, изјави Филипче.
На средбата, како што соопшти Министерството, пензионерите ја поздравиле мерката за укинување на квотите и потенцирале дека се чувствуваат спокојно, бидејќи имаат лекови во кој било ден.
– Нема повеќе гужви. Обезбедивме квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот