Македонија
5. March 2021 - 20:11

Филипче: Следната недела ќе одлучуваме дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки

Во денешното гостување на Телевизија Сител министерот за здравство рече дека во текот на наредната недела ќе се дискутира дали има потреба за дополнителни мерки. 

Филипче потврди дека изминатиот период има зголемување на бројот на нови случаи и хоспитализирани пациенти во болниците.

-Изминатите денови имаме интензивна комуникација со членовите на Комисијата за заразни болести и тоа што сега правиме е ги пратиме бројките. Дали овој тренд на зголемување на бројките ќе продолжи, дали ќе биде слична слика како месец ноември, засега не е. Заклучно со почеток на следната недела ќе одлучуваме дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки или не, рече Филипче.

Министерот за здравство апелираше до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки.