Македонија
26. October 2020 - 13:46

Филипче: Полицискиот час не е решение, доволно е да се почитуваат мерките

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека овие мерки што треба да стапат на сила се најава за полициски час.

„Тој не е решение, доволно е да се почитуваат мерките“, вели Филипче.

На Инфективната болница има се уште слободни места, но тие забрзано се пополнуваат, направивме план за дополнување на капацитетите.

–Се подготвуваат две одделенија во болницата „8 Септември“, поради секојдневниот раст на новозаболени, предложено е проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали, рече Филипче.