Македонија
11. November 2019 - 15:57

Филипче: Платите за лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, за медицинските сестри за 10 проценти

Од февруари 2020 години платите на лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека заедно со сите други зголемувања од 2018 година досега основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, а на медицинските сестри меѓу 35 и 38 проценти.

– Заедно со зголемувањата на дежурствата, коишто од 2018 година, кога беа зголемувањата се зголемија за работен ден за двојно, а за недела и празник за трипати, сега платата на лекар-специјалист во Клиничкиот центар, на хируршките и на интерните клиники ќе достигне, а кај на некој и ќе надмине, 100.000 денари, нагласи Филипче.

На новинарско прашање околу случувањата во ОХИС и штетноста на излеаната материја, министерот за здравство посочи дека доколку се помине во близина кадешто е ослободена материјата може да предизвика надрзба на очите и надразба на кожата. Еден пациент бил прегледан во клиниката, му била дадена соодветна терапија и бил пуштен на домашно лекување.