Македонија
15. November 2018 - 9:25

Филипче, Османи и јапонскиот амбасадор Ханеда во посета на Клиниката за дигестивна хирургија

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со амбасадорот на Јапонија Кеико Ханеда, и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе ја посетат Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.

Во просториите на клиниката ќе се одржи прес-конференција во врска со реновирањето на клиниките за гинекологија и акушерство, дигестивна хирургија и Институтот за белодробни заболувања кај деца-Козле, извршено со поддршка од јапонската амбасада, со цел унапредување на стандардите за лекување и третман во овие јавни здравствени установи.