Македонија
3. August 2020 - 10:19

Филипче: Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.-Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!, напиша Филипче.

Тој објави и линк за тоа кој и како може да дарува конвалесцентна плазма: