Филипче: Обезбедена современа терапија за пациентите со малигни заболувања
За првпат во историјата на македонското здравство се обезбедени современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови, односно современа терапија со која се овозможува квалитетен живот на болните од рак и евентуално излекување. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче, на прес конференцијата на Здружението "Борка - за секој нов ден".
Станува збор за 30 нови биолошки лекови кои се исклучително скапи, а Министерството успеа да ги обезбеди за најголемиот број пациенти кои се со хемато - онколошки малигнитети, но и пациентите со солидните тумори.
Од "Борка" уште еднаш ја посочија важноста од рано откривање на ракот, а од Министерството за здравство посочија дека во фаза е централизација на сите онколошки оддели во Скопје, со цел максимална поддршка на пациентите.
На глобално ниво, месец септември е посветен на подигнување на свеста за малигните болести на крвта.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
49-годишен маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга
-
Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам
-
На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар
-
Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
-
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри
-
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“