Македонија
16. August 2021 - 21:37

Филипче: Ќе дадеме разумен рок за новите мерки

Во однос на тоа кога би почнале новите мерки за влез и излез од државата министерот за здравство Венко Филипче кажа дека тоа нема да биде утре туку дека ќе дадат разумен рок, една недела или десетина дена.

- Ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, кажа Филипче. Филипче повтори дека вакцинацијата е единствениот механизам за излез од корона кризата. Со примени две дози, напомена, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход ако некој се зарази.

– Има докази дека вакцината дава резултати, се докажува и ефикасноста. На милион дадени дози нема посериозен несакан ефект освен вообичаено црвенило или покачена телесна температура. Во промили се мерат бројките на вакцинирани, а новодијагностицирани и заразени, истакна министерот и укажа дека се оптоварени болниците токму во градовите каде што е помал опфатот со вакцинацијата како во Тетово, Куманово, Гостивар, кажа Филипче.