Македонија
27. March 2020 - 14:52

Филипче: Излекувани се тројца пациенти, во критична состојба се седум

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во земјава се регистрирани уште 18 нови случаи на корона вирус, со што вкупната бројка достигна 219 заразени.

„Во земјава досега има тројца излекувани пациенти и за жал, тројца починати. Не треба да се има сомнеж дека не се споделуваат точни бројки. Ниту има простор за манипулација, ниту ќе има. На Инфективна се хоспитализирани 41 пациент, седум од нив во потешка здравствена состојба, 27 се средно тешки и седум со поблаги симптоми – истакна Филипче.

Според него, во Заводот за рехабилитација се уште траат анкетите, земени се брисеви од 18 граѓани.

„Постои можност да отпадне само амбулантскиот дел. Имавме случај на клиниката за кардиологија. На работа пројавил симптоми. Во тој дел нема пациенти. Но, доколку се установи дека свесно се појавил ако знаел дека има симптоми ќе сноси санкции – вели Филипче.

Тој додаде дека се поделени заштитни маски на матичните лекари.

„Добивме донации, вчера 3.000 и денес уште 3.000 маски. Проструи цена од 5.000 денари и тоа не е цена на тестовите, туку Фондот плаќа кон јавно здравствените установи. Не се калкулира само потрошниот материјал, туку и вработените и нивните плати – вели Филипче.

За кратко време, на почетокот на следната недела се очекува поставување на мобилната болница до клиниката за Инфективни болести.

„Таму ќе се сместат 130 кревети со соодветни тоалети. Сметаме дека е добро да се надополни капациетот. Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на болните. Здравствените работници се целосно мобилизирани. Терапијата е веќе аплицирана – додаде првиот човек во здравството.