Македонија
14. February 2021 - 10:33

Филипче: Фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил информира дека фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени.

Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша Филиче.

Инаку, денеска во земјава пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија.Примопредавањето ќе се изврши на граничниот премин Табановце, а на него ќе присусствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
 
 
Станува збор за 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија,  а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.
 
Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди.

Posted by Венко Филипче on Saturday, February 13, 2021