Филипче: Да се почитуваат мерките за заштита за да може здравствените работници да здивнат
Знам дека дел од здравствените работници се изморени, на крајот од силите. Верувам дека ќе направиме се да се обезбеди поддршка, што веќе и го правиме во овие денови. Од Министерството за здравство ќе се мобилизираат апсолутно сите ресурси во здравствениот систем, за да се надмине оваа криза, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Здравствените работници, посочи министерот, буквално не се прибрани дома со месеци, изложени се на голем ризик, на долги смени, работат за да го спасат секој живот, и ова како граѓани сите ние мора да го почитуваме.
Потенцира дека секој граѓанин може и да помогне тоа да го прави со следење на едноставните три препораки, маска, дистанца и дезинфекција.
– Ова не е големо барање, ќе помогне да има помалку дијагностицирани и некој пациент повеќе да си оди дома од болничките установи. Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат, да се ослободат од притисокот, заради тоа што тоа е единствениот начин да ставиме крај на оваа криза, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184