-->
-->
Фијаско на „рисовите“ за пад на дното!!!
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа нов срам во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако во саботата загуби во Луксембург со 1:0 (0:0). Овој пораз македонските фудбалери ги закова за последното место во квалификациската Група Ц.
Македонските фудбалери се надеваа на позитивен исход против аутсајдерот, односно посакуваа победа со која ќе си ја подигнеа самодовербата пред мечот со Шпанија во Скопје.
Сепак наместо победа селекторот Друловиќ и неговите избраници претрпеа фијаско иако според шансите не го заслужија тоа. Ќе остане забележано дека Македонија веќе 12 квалификациски натпревари не знае за победа на гостински терен и дека Луксембург забележа победа во еден квалификациски меч по цели пет години.
Инаку вистински трагичар на натпреварот во Луксембург беше Бесрат Абдурахими, момчето кој пред една година во Скопје против Луксембург постигна гол во 93.минута со што и го донесе на Македонија по се изгледа единствениот триумф во овие квалификации.
Абдурахими не реализираше изгледна шанса на почетокот од второто полувреме, кога во ситуација еден на еден не успеа да постигне гол, а во 84.минута неговиот удар од пенал го одбрани голманот Жубер.
Казната за промашувањата стигна на истекот на 92.минута кога Тил успеа да го совлада Пачовски.
Исходот на натпреварот можеби ќе беше поинаков доколку судиската тројка во 15.минута не му поништеше регуларен гол на левиот бек Жута.
Покрај поразот дополнителни главоболки на Друловиќ му донесоа парните жолти картони кои ги добија Абдурахими и Ристовски, односно повредите со кои се здобија Трајковски и Мојсов поради што мораа да бидат заменети.
Македонија следниот квалификациски меч ќе го одигра во вторник, на 8.септември, кога во Скопје ќе гостува Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај