Фудбал
28. February 2020 - 8:51

ФИФА поставува ограничувања за наемот на фудбалерите

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дека воведува нови правила за наем на играчи, кои стапуваат на сила јули годинава.

Преку измените, ФИФА сака да ги заштити помалите клубови чии таленти редовно се таргетирани од поголемите.

Со измените ќе се ограничи бројот на играчи над 22 години кои се отстапуваат. Во сезоната 2020/21 година, клубовите ќе можат да изнајмат и ангажираат најмногу осум играчи, а од 2022/23 оваа бројка ќе се намали на шест.

Иако промените на ФИФА имаат јасно дефинирани критериуми, Светската асоцијација им дава право на индивидуални федерации да ги применуваат правилата спрема карактеристиките на локалната фудбалска средина.

ФИФА, исто така, посочува дека промената е неопходна бидејќи многу мали клубови, особено во Африка и Латинска Америка, не успеваат да добиваат средства од трансфери на играчи, иако според сегашниот систем добиваат одреден процент од секоја продажба по играч.