Бизнис
14. December 2019 - 16:37

Фич го потврди кредитниот рејтинг, изборите носат неизвесност

Кредитниот рејтинг на земјава останува стабилен, но априлските избори носат несигурност.

 Агенцијата Фич го потврди рејтингот ББ плус со стабилен изглед. Во соопштението стои дека домашната политичка ситуација е нормализирана после подолг период на „политичка парализа“ од 2014-2017 година.

Но, агенцијата анализира дека по недобивањето датум за преговори, прмеиерот Заев објавил дека ќе бара нов мандат. Според Фич исходот од изборите е неизвесен, анкетите покажуваат дека владејчката партија заостанува во однос на опозициската, но поддршката е промнелива, па крајниот резултат ќе зависи од коалициите со албаските партии. Сепак, агенцијата не очекува значајни промени во еконосмките и фискланите политики и во намерите на земјата за членство во унијата.

И бизнис заедницата стравува од неизвесноста што ја носат изборите, затоа што целиот процес трае предолго. Од техничката Влада во јануари, до изборите во април, па потоа до конечното формирање нова Влада ќе помине најмалку половина година. Во овој период, стопанствениците очекуваат застој.

За следната годината Владата проектира раст на економијата од 3,8%, што е најоптимистичка прогноза споредено со оние на Народна банка или меѓународните финансиски институции.