Loading Video...
Кошарка
8. April 2020 - 19:02

ФИБА ги презакажа младинските шампионати за следната година

Светската кошаркарска федерација  денеска ги откажа сите традиционални континентални собири за играчи на возраст од 14-20 години, се разбира поради глобалната пандемија со коронавирусот.  
 
Сите овие собири беа планирани за претстојното лето а во Скопје требаше да се одржи  кадетскиот шампионат во А-дивизијата во машка конкуренција. Сепак Македонија го задржува правото да го организира овој настан  за 2021г за кога и се презакажани сите овие шампионаите за кошаркарските таленти на европскиот континент. 
Се разбира сите субјекти поради ваквиот расплет на настаните ќе доживеат финансиски удари за според информациите од нашата федерација македонската кошарка ќе остане без планираниот приход од 50 000 евра. 
Тоа е планиран буџет за макбаскетот  откако минатата година заработивме 150 илјади евра  од двете младински првенства организирани во Македонија. 
Се очекува ФИБА да помогне по ваквата одлука со исплаќање на такси на секоја национална федерација според бројот на селекции во младински категории со што КФМ би добила 35 илјади евра.