Loading Video...
Фудбал
22. July 2020 - 20:26

ФФМ го најави распоредот за новото првенство за во петок

Македонскиот фудбал е во акција и следниот чекор пред стартот на новата сезона е извлекувањето на натпреварувачките броеви за новата сезона. Овој настан е закажан за во петок во просториите на ФФМ. 

Пандемијата со коронавирусот направи големо пореметување во мак фудбалот, првенството беше прекината а шампионот и екипите претставници во европските натпреварувања беа одредени административно според тековниот пласман.  Според одлуката на УО на ФФМ сите екипи останаа во Првата МФЛ која се прошири на дванаесет екипи за новата сезона. 

Според тоа следната сезона ќе гледаме проширена лига со 33 кола наместо 36 колку имаше во претходните неколку шампионати.  Веќе е изготвен и протоколот за натпреварување па доколку не се појави нешто непланирано првенството ќе започне на 9-ти август. 

Да потсетиме во новото првенство ќе играат Вардар, Силекс, Шкендија, Работнички Шкупи, Ренова, Македонија ЃП, Борец, Беласица, Струга Трим Лум, Пелистер и Академија Пандев. 

Есенскиот дел од првенството се очекува да заврши во декемеври а пролетниот ќе стартува во февруари наредната година.