Фудбал
18. February 2017 - 14:24

ФФМ: Ѓорѓиоски со нов претседателски мандат

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, во саботата, на Собранитето одржано во хотелот „Александар Палас“, ја доби довебата од сите делегати и во наредните четири години да ја води ФФМ.
Веднаш по изборот, старо-новиот претседател, им се обрати на делегатите, и направи ретроспектива на сите работи со кои се соочуваше ФФМ во изминатите четири години.
„Во изминатиот период како никогаш во историјата на македонскиот фудбал вложувавме и труд и финансии во изградба на фудбалска инфраструктура. Како федерација би биле пресреќни доколку имавме десетици терени со вештачка трева и рефлектори од Скопје преку Битола и Прилеп до Струмица, Охрид или Тетово, но факт е дека за повеќе од две децении немаше изградено ниту еден терен или игралиште. риказната за инфраструктурата не е само теоретска. Кога развиените фудбалски држави велеа дека „вложуваат во фудбалот“, сигурно не мислеа дека „влегоа во дуќан и купија добри играчи“. Не, туку направија сали, стадиони, купија опрема, направија програма за работа и добија – резултат. Кога вложувате во спорт, вложувајте во спортската инфраструктура. На оваа Собрание се изборивме да продолжи досегашната политика и стратегија на ФФМ. А, тоа значи целосен фокус на реконструкција на стадионите, влогот во младинскиот фудбал, почитувањето на Националната стратегија, овозможување на сите потребни услови за подготовка на репрезентациите, рече во воведот Ѓорѓиоски.
Претседателот ФФМ нагласи дека федерацијата работи стабилно, дека повеќе не се грижи само за репрезентациите туку и дека вложува во големи проекти, но и побара соработка од локалните самоуправи, односно како што рече „општините мора да се придржуваат до роковите и да ги почитуваат потпишаните обврски“.
Илчо Ѓорѓиоски во својот говор повика и на обединување во македонскиот фудбал на сите ниво. „ За жал ФФМ нема инструменти со кои би можела да се бори против секојдневното труење на јавноста од луѓе кои во изминатите две децении не само што не му донесоа ништо добро на македонскиот фудбал, туку напротив, со своите деструктивни постапки само ни ја трошеа енергијата. Најлесно е да пишувате писма, соопштенија, дописи…Од тоа баш никој нема корист, најмалку македонскиот фудбал. За секое обвинување го дознавме одговорот и на УЕФА и ФИФА“, рече во своето прво обраќање по реизборот Ѓорѓиоски.