Ф1
29. July 2017 - 16:21

Фетел најбрз на Хунгароринг

Возачот на Ферари Себастијан Фетел на утрешната трка за Големата Награда на Унграија ќе стартува од пол позицијата, откако на денешените квалификации имаше најдобро време. Второ време постигна неговиот клупски колега КимиРаиконен, со што најавува дека Ферари се подготвени за добра трка, особено што на претходните квалификации доминираше Луис Хамилтон со Мерцедес.
Хамилтон и денеска по две квалификациски сесии беше најдобар, но поради проблемите со моторот во последната не успеа да го надмине резултатот на Фетел, Раиконен и на колегата Валтери Ботас и ќе стартува од позицијата број 4.