Македонија
1. April 2016 - 12:46

Фестивал „Во светот на насмевките“ во општина Центар

Бетмени и принцези, самовили и гусари, страшни скелети, Црвенкапа, Трнорушка и нинџа желки, беа дел од маските на децата од трите градинки од општина Центар со кои се претставија на фестивалот „Во светот на насмевките“, што се одржа денеска во Младинскиот културен центар по повод Денот на шегата - 1 Април.

- Наша задача е секогаш вака да бидат насмеани децата од општина Центар. Ова може само да не мотивира да работиме повеќе за нивно добро, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Фестивалот е во организација на Општина Центар, а според Жерновски, ќе стане традиција.